„Текстилијада“ во Штип

Дебати, изложби на слики и постери, ќе бидат само дел од првата „Текстилијада“ што ќе се одржи во Штип со поддршка на Министерството за култура и фондацијата „Фридрих Еберт“.
Манифестацијата почнува денеска, ја организира здружението „Гласен-Текстилец“, а целта е поттикнување на текстилните работници синдикално да се организираат.
Во „Тесктилјада“ се вклучени и студентите од Академијата за ликовна уметност во Штип кои преку изложбата на слики ќе се обидат да го прикажат проблемот на текстилните работнички.
- Првата „Текстилијада“ почнува со дебатата „Со локални сили заедно за иднината на текстилните работници“ чиј модератор ќе биде Ивана Вучкова, а меѓу панелистите ќе бидат и градоначалниците Благој Бочварски и Николчо Илијев, како и претседателката на текстилниот калстер Маријана Перковска, информира Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“
Ново на Сител
-

Кратењето на буџетот за ретки болести може да го загрози животот на пациентите
-

Преглед на вестите од светот
-

Трендафилов: Нека се подготват за блокади идната недела
-

Околу 80 талентирани ученици од Струмица ќе бидат стипендирани во наредните девет месеци
-

Брана „Калиманци“ речиси полна, „Гратче“ на прелив
-

Преглед на вестите од светот
-

Садула Изаири од тетовскиот суд освои најмногу гласови за член на Судски совет
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
