Македонија
15. December 2017 - 9:01

„Текстилијада“ во Штип

Дебати, изложби на слики и постери, ќе бидат само дел од првата „Текстилијада“ што ќе се одржи во Штип со поддршка на Министерството за култура и фондацијата „Фридрих Еберт“.

Манифестацијата почнува денеска, ја организира здружението „Гласен-Текстилец“, а целта е поттикнување на текстилните работници синдикално да се организираат. 

Во „Тесктилјада“ се вклучени и студентите од Академијата за ликовна уметност во Штип кои преку изложбата на слики ќе се обидат да го прикажат проблемот на текстилните работнички.

- Првата „Текстилијада“ почнува со дебатата „Со локални сили заедно за иднината на текстилните работници“ чиј модератор ќе биде Ивана Вучкова, а меѓу панелистите ќе бидат и градоначалниците Благој Бочварски и Николчо Илијев, како и претседателката на текстилниот калстер Маријана Перковска, информира Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“