Течат преговорите за чартер летови Москва – Охрид во 2022 година
Една од најголемите руски авиокомпании „Нордвинд“ најави дека од 2022 година, по точно 20 години пауза, повторно ќе ги поврзе Охрид и Москва со чартер лет, два пати неделно.
Како што соопшти Агенијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), интересот на руските туристи е генерално насочен кон културниот и верскиот туризам, но во последно време доминира интересот за специјализирани кратки одмори, до 4 дена, во кои руските туристи би имале полна агенда. Ено-гастро туризмот е нешто за што веќе има интерес и резервации, а веднаш зад него е активниот туризам, посебно параглајдингот.
Според АППТ, со воспоставување на редовна директна воздушна линија Скопје – Москва се овозможува и полесна соработка на сите полиња полиња, а посебно важно е дека ќе се зголеми просечниот престој на туристите од Руската Федерација од 2,2 дена на минимум четири дена и ќе продолжи трендот на пораст на туристи од овој пазар, кој пред корона кризата растел со 13 отсто на годишно ниво.
-По неколку обиди минативе години да се воспостави соработка на полето на туризмот и бројни посети на тур-оператори од Руската Федерација, со отворање на директната линија Скопје – Москва се отвара можност за соработка со еден од најголемите пазари. Она што е карактеристично за оваа авио-компанија се флексибилните авионски билети, опции за лојалност и распоредот на летови, што овозможува полесно движење на туристите кои сакаат да патуваат индивидуално, но и оние кои ќе одлучат тоа да го сторат со посредништво од туристичка агенција, наведува Агенцијата.
АППТ најавува дека во периодот што претстои ќе организира бројни информативни патувања и Б2Б состаноци на рускиот и македонскиот туристички сектор, додека во 2022 година промоцијата на овој пазар ќе ја зајакне со промотивна кампања за туристичките потенцијали на земјава.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

„За плата се бориме, не се молиме“ – ССМ на првомајски марш
-

Мицкоски: Протестот на ССМ е дел од традиционалните првомајски работнички протести
-

Ракија, скара и пивце - среќен Ден на трудот
-

Мицкоски: Во евроинтеграциите стануваме први во регионот - СДСМ: Поблиску сме до Србија отколку до Црна Гора
-

Притвор за двајца скопјани за пожарот во Еврејската зедница, ќе одговараат за тероризам
-

Започна изградбата на катната гаража во Охрид
-

Зголемен број на повици во скопската Брза помош поради временските промени
