Тачи се сретнал со Срби од северно Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека имал чест да се прошета по северот на Косово и со чамец да се повози по езерото Газивода, на границата меѓу Србија и Косово, јави агенцијата Фена.
Во изјава за медиумите на езерото Газивода, Тачи рекол дека за време на посетата имал посебни емоции. Тој истакнал дека раководството на земјата и особено тој како претседател работат за ново, евроатлантско, мултиетничко Косово.
- Се сретнав со некои локални Срби со кои во пријателски и срдечен разговор испив кафе. Јас им служам на сите граѓани на Косово, рекол Тачи.
Заедно со Тачи во посета на езерото Газивода и преминот Брњак биле и министерот за финансии Бедри Хамза, директорот на Косовската разузнавачка агенција Шпенд Ахмети и директорот на Косовската полиција Рашит Џалај.
Агенција пренесе дека сите припадници на РОСУ се повлекле од северот и се вратиле во своите бази откако Тачи ја завршил посетата.
Според приштинскиот сајт „Газета Експрес“, Тачи рекол дека дошол на Газивода за да разговара со Србите и „да ги посети природните убавини“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
