-->
-->
“Таа не е совршена, но не си ни ти!”: Боб Марли на најдобар начин опишал како треба да сакате една жена
-->
Познатиот текстописец и пејач Боб Марли инспирирал многумина со своите цитати за жените и љубовта, а на совршен начин опишал како треба да се сака една жена.Тој е еден од ретките реге ѕвезди кои постигнале статус на светска суперѕвезда, а неговите зборови и до ден-денес се раскажуваат.
“Можеби нема да бидеш нејзиниот прв маж, ни последен или единствен. Сакала пред тебе и можеби ќе сака и по тебе. Но, ако сега те сака зарем е важно нешто друго? Таа не е совршена, но не си ни ти. Вие двајца можеби никогаш нема да бидете совршени заедно, но ако таа те смее, те тера два пати да се замислиш, признава дека е човечко суштество и дека греши, држи се до неа и дај ѝ најмногу што можеш да ѝ дадеш”, велел Марли.
“Можеби нема да мисли на тебе секоја секунда во текот на денот, но ќе ти даде дел од себе за кој знае дека можеш да го скршиш – нејзиното срце. Затоа немој да ја повредиш, немој да ја менуваш, немој да ја анализираш и не очекувај повеќе од она што таа може да ти го даде. Смеј се кога те прави среќен, дај ѝ до знаење кога те излудува и нека ти недостига кога не е во твоја близина”, гласат неговите зборови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
