-->
-->
Таа му е голема поддршка: Ова е новата девојка на Аца Лукас!
-->

По разводот со Соња Вуксановиќ и кратката, но јавна врска со Бранислава, Аца Лукас има нова жена во својот живот. Поради грешките во минатото, познатиот пејач овој однос (барем засега) сака да остане подалеку од очите на јавноста, но српските медиуми сепак успеале да дознаат за кој се работи.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, се работи за девојка од Белград и се вика Дара Марјановиќ.

„Аца и Дара долго се познаваат и имаат многу заеднички пријатели. Отсекогаш му се допаѓаше, но беше оженет, па не сакаше ништо да проба. Кога се заврши се со Соња, Лукас ја сретнал Дара на некоја прослава и цела вечер разговарале, - изјавил извор близок на пејачот и додава:
„Тој полуде по Дара. Таа не е дете како Бранислава, се познаваат со години, знае дека Дара пред се е добар пријател. Засега им е убаво заедно. Дара беше голема поддршка за Аца за време на драмата, додека не беше во контакт со ќерката Викторија, вели изворот.
И самиот пејач се огласи за ова, но како што изјави после скандалот со Соња дека никогаш повеќе нема да зборува за приватниот живот, рекол само „Не можам повеќе да потврдувам и демантирам. Нека пишуваат што сакаат“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
-

Беровскиот компир скапува во подрумите, земјоделците најавуваат протести
-

Мис Стон добива спомен соба во Василево, а патеката по која се движела ќе привлекува туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
