СЗО: Вакцината за Ковид-19 е успех од кој мора да имаат корист сите држави
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) ја пофали невидената брзина со која се водеше трката за вакцина против новиот коронавирус, но истовремено тој побара секое „научно достигнување“ да биде во полза на сите земји.
– Нема сомнение дека вакцината ќе биде важна алатка за контрола на пандемијата и првите резултати од клиничките испитувања (Pfizer и BioNTech) објавени оваа недела ни даваат надеж, изави Тедрос Аданом Гебрејесус на крајот од годишната сесија на СЗО.
Помалку од една година откако канцеларијата на СЗО во Кина ја објави епидемијата кон крајот на декември 2019 година, американската лабораторија „Фајзер“ и германскиот „БиоНТех“ објавија во понеделникот дека произвеле вакцина „ефикасна во 90 проценти од случаите“ против Ковид-19.
– Никогаш во историјата истражувањето за вакцините не напредувало толку брзо, истакна генералниот директор на СЗО.
„Треба да ја користиме истата брзина и иновативност за сите земји да имаат корист од ова научно достигнување“, додаде тој.
Нова пандемија уби најмалку 1,28 милиони луѓе, а над 52 милиони заразени се официјално потврдени од кои најмалку 33,5 милиони се сметаат за излечени денес.
Тедрос дпдаде дека пандемијата покажа дека мора да се воспостави „глобален систем за размена на патогени и клинички примероци“ што е можно поскоро за да се олесни брзото производство на лекови, вакцини и други терапии што ќе станат „глобално јавно добро“.
Тој истакна дека таквиот „систем не може да се заснова на билатерални договори и не може да се преговара со години“.
– Предлагаме нов пристап што ќе вклучува складиште на„ патогени агенси што СЗО ќе ги „чува во заштитен објект во Швајцарија, истакна тој.
Ново на Сител
-

Избори во Унгарија: Трамп му вети на Орбан огромна помош за да ја развие економијата на Унгарија
-

Ерусалимското платно - порта до светата земја и Христијанството
-

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари
-

Уапсено лице од Делчево, во неговиот дом пронајдени четири различни видови на дрога
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
