СЗО: Потребна е помош за 26 милиони луѓе во Турција и Сирија
Светската здравствена организација проценува дека хуманитарната помош е неопходна за 26 милиони луѓе во Турција и Сирија.
Во Сирија, каде во земјотресот загинаа повеќе од 5.800 луѓе, властите во северозападниот дел на земјата под контрола на Дамаск не дозволуваат влез во областа, изјави директорот на Светската програма за храна, Дејвид Бисли.
Тој изјави дека тоа го кочи нивното работење и дека проблемот мора што поскоро да се реши.
- Времето истекува, а ние остануваме без пари. Нашата операција чини околу 50 милиони долари месечно и вклучува само реакција на земјотрес, рече Бисли. Тој додаде дека „ако Европа не сака нов бегалски бран, треба да одвои средства за помош“.
Повеќе од 46.000 луѓе загинаа во земјотресите што на 6 февруари ги погодија Турција и Сирија, според последните официјални податоци, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми. На југот на Турција се регистрирани повеќе од 40.000 жртви, додека од соседна Сирија има повеќе од 5.800 загинати.
Ново на Сител
-

Мерц: САД се „понижени“ од Иран, веројатно нема крај на конфликтот
-

Кривична пријава за дебрани кои преку измама за наводно лекување на болно дете противправно се стекнале со 3.300 евра
-

Ја терале да јаде измет од куче и ја гореле со цигари, вознемирувачко ученичко насилство во Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Македонија веќе два месеци е пример за начинот како се справува со енергетската криза
-

Мицкоски: Очекувам реконструкцијата на Универзалната сала да заврши во предвидениот рок
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје во среда поради посета на швајцарскиот претседател
-

Мицкоски: Немам и не планирам да имам друго државјанство освен македонското, ако Уставот дозволува може да се ограничи двојното државјанство
-

Дизелот поевтинува за 2,5 денара, а бензините поскапуваат за два денара за литар
