-->
-->
СЗО одобри револуционерен дијагностички тест за туберкулоза
-->

Светската здравствена организација (СЗО) го одобри молекуларниот дијагностички тест „Ксперт МТБ/РИФ Ултра“, кој овозможува дијагностицирање на туберкулоза и тестирање на отпорност на антибиотици. Ова е прв тест од ваков вид што ги исполнува строгите стандарди на СЗО.
Туберкулозата, која годишно предизвикува повеќе од еден милион смртни случаи, останува глобален здравствен предизвик. Јукико Накатани, помошник генерален директор на СЗО, истакна дека новиот тест претставува значаен чекор во раната дијагностика и лекување на туберкулозата.
Директорот за регулатива и преквалификација на СЗО, Рожерио Гаспар, изјави дека квалитетните дијагностички тестови се темел на ефикасна грижа и превенција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
