-->
-->
СЗО: Морбилите аларматно се шират низ Европа
-->
Бројот на случаи на морбили во Европа во 2017 година порасна за 400 отсто во однос на претходната година, при што заболеле повеќе од 20.000 лица, од кои 35 починале, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО).Според СЗО, ваквите податоци се алармантни имајќи го пред вид рекордно нискиот број од 5.273 случаи во 2016 година.
Големи епидемии на ситни сипаници лани се регистрирани во 15 европски држави.
Најтешко погодена земја минатата година била Романија, каде се регистирани 5.562 случаи на морбили, по што следи Италија со 5.006 и Украина со 4.767 заболени.
Во Грција во 2017 година имало 967 заболени, во Германија 927, во Србија 702, во Таџикистан 649, Франција 520, Русија 408, во Белгија 369, Велика Британија 282, во Бугарија 167, Шпанија 152, Чешка 146 и Швајцарија 105.
Стручните лица сметаат дека дел од проблемот е што луѓето одбиваат вакцинација.
Иако една студија објавена во 2004 година за можна врска помеѓу ММР вакцината и аутизмот е побиена, таа заплаши некои луѓе и ја разниша довербата во вакцината.
Светската здравствена организација објави дека е забележано намалување на општата рутинска вакцинација, со инаку ниско покривање на „маргинализираните социјални групи", како и прекини во снабдувањето со вакцина или несоодветни системи за контрола на болести.
Сузана Јакаб од СЗО вели дека секое ново лице инфицирано со малите сипаници во Европа потсетува дека невакцинираните деца или возрасни, без оглед каде живеат, остануваат на ризик да се заразат и да ја пренесат заразата и на други лица.
- Ова краткорочно назадување не може да не одврати од посветеноста да бидеме генерација која еднаш и засекогаш ќе ги ослободи нашите деца од оваа болест, вели таа
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Безос: Вештачката интелигенција ќе отвори нови можности наместо да ги укине работните места
-

Четворица израелски војници убиени во Либан, министерот Бен-Гвир порача „целиот Либан треба да гори“
-

Пронајдени неексплодирани гранати во две битолски села
-

Почина Љупчо Грнчиштанов, инспектор обвинет во случајот „Пулс“
-

Топло време за викендот, од понеделник услови за дожд
-

Алиу: Владата ја усвои информацијата за формирање центар за итна медицинска помош во Скопје со цел поефикасен итен медицински одговор
-

Во Србија легално во моментот се 100.000 странци, а само 160 бегалци во прифатни центри
-

Кривична за доктор и медицинска сестра, се обиделе да шверцаат ботокс преку пошта
