-->
-->
Светски ден против беснило
-->

Не чекајте, вакцинирајте го вашиот миленик и помогнете во елиминација на беснилото, е пораката на Ветеринарната комора до сопствениците на кучиња и мачки по повод 28 Септември, Светскиот ден на борба против беснилото.
Комората апелира на потребата од зголемување на свеста за ризикот од невакцинирање на домашните миленици со цел да се зголеми опфатот на вакцинација кој во овој момент, како што наведува, е незадоволителен и воедно повикува да се покаже посветеност и одлучност на општествената заедница во насока на обезбедување натамошна поддршка за елиминирање на беснилото - фатална болест и за животните и за човекот.
- Вакцинирањето против беснило на кучињата и мачките е законска обврска. Почнува на возраст од четири месеци, а е потполно безопасна за миленикот. Ревакцинација се врши еднаш годишно, потенцира Ветеринарната комора.
„Едуцирај, Вакцинирај, Елиминирај!“, е годинашното мото на Светскиот ден на борба против беснилото што почна да се одбележува од 2007 година на иницијатива на Светската здравствена организација кога бројот на земји беше 74. Денес бројката е повеќе од 125.
Датумот е одреден во чест на францускиот микробиолог Луј Пастер, кој ја развил првата вакцина против беснило, а починал на 28 Септември 1895 год.
Беснилото е опасна и смртоносна заразна болест кај многу животински видови и човекот, предизвикана од вирус, кој го напаѓа нервниот систем и е 100-процентно фатален кај невакцинираните единки. Го има на сите континенти, освен на Антарктикот, а во развиените земји е под контрола. Преку 90 отсто од смртните случаи се во Африка, Азија и Средниот Исток, каде вирусот е широко распространет. Според статистичките податоци, преку 3,3 милиони луѓе живеат со ризкот од беснило, а 59 илјади луѓе годишно умираат низ целиот свет (половина од тоа се деца под 15 годишна возраст).
Една од причините за зголемениот број жртви е ниската свест на сопствениците на животни за важноста на редовното вакцинирање против беснило.
На глобалниот состанок организиран од FAO, GARC, OIE и WHO во Женева минатиот декември, беше едногласно одлучено да се делува во остварување на целта, „0“ човечки жртви до 2030 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
