Светски ден на населението

Канцеларијата на Фондот на Обединетите нации - УНФПА денеска ќе го одбележи Светскиот ден на населението 2018. Годинава, темата е „Планирање на семејство како човеково право“.
Светскиот ден на населението за прв пат се одбележа на 11 јули 1990 година во повеќе од 90 држави во светот. Основната цел беше да се зголеми свесноста за итните и важни прашања поврзани со светската популација особено во контекст на севкупниот развој, информираат од УНФПА.
Генералното собрание на OН со Резолуцијата 45/216 на 21 декември 1990 година ја донесе одлуката Светскиот ден на населението да продолжи редовно да се одбележува низ целиот свет јакнејќи ја свесноста за прашањата поврзани со светската популација.
Меѓународната конференција за човекови права на Обединетите нации пред 50 години го прогласи планирањето на семејството за човеково право, за да денес е широко прифатено како основа за бројни права. Оттаму, правото на планирање на семејството вклучува уживање и на други права како што се правото на здравје, на образование и на достоинствен живот.
Пристапот до безбедно и доброволно планирање на семејството има централно место во јакнење на родовата еднаквост и е клучен фактор за намалување на нееднаквостите и сиромаштијата. Обезбедувањето на универзален пристап до здравствени услуги за репродуктивното здравје, вклучително и планирање на семејството, го забрзува напредокот на државата кон намалување на сиромаштијата и остварувањето на глобалните развојни цели, посочуваат од УНФПА.
Ново на Сител
-

Висок долг и високи камати - закана за економијата
-

Алиу: Да ги почекаме институциите
-

Полицијата во акција против пиротехника
-

Одбележани 6 години Интервентна полиција
-

Преглед на вестите од светот
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
-

Ресоцијализација преку учење занает: Жени осуденички шијат во текстилна работилница во Идризово
-

Тема на денот со Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
