Светската здравствена организација бара оданочување на слатките и алкохолните пијалаци

Засладените и алкохолните пијалаци се преевтини бидејќи недоволно се оданочуваат, што доведува до повисоки стапки на дебелина, дијабетес и други болести, истакна Светската здравствена организација (СЗО) додавајќи дека децата и адолесцентите се особено погодени од тоа.
На таквите пијалаци би требало да се воведат даноци или да се зголемат постојните, порачува Светската здравствена организација. Со тоа пијалаците би станале поскапи, а со самото тоа и помалку би се консумирале, додека истовремено би се собрале повеќе пари за здравствениот систем.
Според податоците на СЗО, 116 земји ширум светот веќе ги оданочуваат безалкохолните пијалаци и другите засладени пијалаци, но многу други пијалаци со висок удел на шеќер и понатаму не се опфатени со даноците, како што се стопроцентните овошни сокови, засладените млечни напитоци и готовите кафиња или чаеви.
– Здравствените даноци се една од најмоќните алатки што ги имаме за промовирање на здравјето и спречување на болестите, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
СЗО исто така истакна дека најмалку 25 земји, главно во Европа, вклучувајќи ја и Германија, немаат посебни акцизи за виното.
За разлика од виното, жестоките алкохолни пијалаци како овошните ракии, коњакот, вотката или вискито подлежат на данок на алкохол, додека пивото се оданочува со посебен данок на пиво. Консумацијата на алкохол може да доведе до болести, насилство и повреди, предупредува еден од директорите на СЗО, Етиен Круг.
– Додека индустријата остварува профит, јавноста често ги сноси здравствените последици, а општеството економските трошоци, рече Круг.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
-

МВР спречи трагедија, малолетник најавил самоубиство на социјалните мрежи
-

Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
-

Трамп: Во американскиот напад врз Иран убиени 48 ирански „лидери“
-

Израелската армија започна нови напади врз Техеран
-

Се спојуваат клиниките за кардиологија и кардиохирургија
-

Ирански медиуми: Махмуд Ахмадинеџад убиен во воздушен напад во Техеран
-

Влада: Македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош амбасадите
