Свекор нападнал снаа со остар предмет во Кавадарци

Кавадарчанка во полиција пријавила физички напад со остар предмет од свекорот.
- Вчера во 17:31 часот во ОВР - Кавадарци, 54-годишна кавадарчанка пријавила дека во дворот од нејзиниот дом била физички нападната од нејзиниот свекор, кој употребил остар предмет, кој е пронајден и одземен. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Оттаму информираа и дека вчера во 15 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци ги лишиле од слобода Н.И.(31) и Д.Н.(21) затоа што при преглед на патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регитарски ознаки, кое го управувал Д.Н., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени и одземени дигитална вага и бела грутчеста материја.
- Исто така, пронајдена е и бела материја која претходно Д.Н. ја фрлил од возилото. Додека, при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Д.Н. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Н.И. дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја. Двајцата се приведени и задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР - Велес.
Ново на Сител
-

Романски државјанин возел со брзина од 163 км/ч на место каде дозволено 80км/ч
-

Во шатор во Галичник пронајдена разновидна дрога - пет лица приведени
-

Во Црна Гора откриен нелегален магацин со 13,5 тони тутун
-

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
-

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
-

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
-

Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето
-

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни
