Свечља: Еден од убиените во северно Косово е телохранител на шефот на српските разузнавачи, Вулин

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, објави дека еден од тројцата вооружени српски напаѓачи, убиени во неделата во акцијата на косовската полиција во Бањска kaj Звечанe, е телохранител на шефот на Агенцијата за разузнавање во Србија (БИА), Александар Вулин, јави дописникот на МИА од Приштина.
На неговата страница на Фејсбук, Свечља објави слика од убиениот Бојан Мијаиловиќ, за кого тврди дека како телохранител го придружувал Вулин за време на неговата посета на Косово во 2013 година, како тогашен министер за внатрешни работи.
– Вчера преку видео снимки го докажавме присуството на веле-криминалецот и водач на терористичката акција, Милан Радојичиќ. Во меѓувреме, денеска е потврдено дека еден од убиените, кој исто така бил учесник во тој чин, е Бојан Мијаиловиќ, телохранителот на шефот на српската БИА, Александар Вулин, при неговата посета на Република Косово во 2013 година, напиша Свечља.
Според косовскиот министер за внатрешни, Србија како држава е целосно вклучена во нападот против Косово.
– За оваа работа, веќе постои формална и структурна поврзаност на вмешаноста на (претседателот на Србија) Александар Вучиќ во нападот на 24 септември во Бањска кај Звечане: Милан Радојичиќ, како потпретседател на (партијата на косовските мСрби) Српска листа и телохранителот на Александар Вулин, шеф на БИА. Обајцата се исто така санкционирани на црната листа на САД. И двајцата се меѓу најблиските луѓе на претседателот на Србија, напиша Свечља.
Тој вели дека фактите за неделниот напад во северно Косово, во кој беше убиен припадникот на косовската полиција, Африм Буњаку, се доказ оти намерите на Србија кон Косово не се сменети од времето на поранешниот српски лидер, Слободан Милошевиќ, кој почина во притворот на Трибуналот во Хаг 2006 година, додека му се судеше за воени злосторства во поранешна Југославија.
– Дури и најголемите оптимисти кои до сега се лажеа себеси за промените во оваа држава, верувам дека деновиве се уверија во спротивното. Сакам уште еднаш да изразам благодарност за издржливоста на косовската полиција тој ден и за нивната неспоредлива професионалност, акција во која нема повредени цивили, порача Свечља.
Ново на Сител
-

Десетици илјади граѓани оствариле влез и излез од државата на ГП „Богородица", во последните 24 часа
-

Топло до крајот на неделата, од четврток попладне локално дожд и грмежи
-

Километарски колони од возила упатени кон границата со Грција го блокираа сообраќајот во Стар Дојран
-

Несреќа во тетовско: Мајка со две малолетни деца излетала од патот со четирицикл
-

Уапсен 36-годишен Косовец, со „мерцедес“ летал 220 км/ч на автопатот кај Гевгелија
-

Инцидент кај Куклица: Уапсена 41-годишна жена од Кратово поради напад врз посетители
-

Министерство за здравство: Епидемиолошката состојба во Гостивар стабилна
-

Нема нови случаи на западнонилска треска, последните суспектни случаи се негативни
