Свечена литургија по повод празникот Петровден во Ѓорче Петров
Свечена архиерејска литургија изутрината се одржа во храмот „Св. Петар и Павле“ во општина Ѓорче Петров по повод празникот на светите апостоли Петар и Павле - Петровден.

Со литургијата чиноначелствува неговото блаженство архиепископот охридско македонски г.г. Стефан и свештеници од матичниот храм и скопската епархија.
На свечената литургуија, како што информираат од општина Ѓорче Петров, присуствуваа голем број верници од општината и од сите краеви на градот Скопје, како и градоначалникот на општината Сокол Митровски, членови на општинскиот Совет и голем број претставници на стопанските субјекти од општината и пошироко.
Светите апостоли Петар и Павле се од огромно значење за христијанството како основоположинците на Светата црква и на 12 јули Македонската православна црква го прославува споменот во нивна чест.
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
