-->
-->
Супер потег, ако натпреварот е здодевен шутирајте пенали?!
-->

Суперкупот на Мавританија бил прекинат во 63. минута, бидејќи на претседателот на државата Мохамед Оулд Абдел Азиз му било здодевно. Првиот човек на оваа држава, како што пренесува италијанска Gazzetta, побарал веднаш да се пристапи кон изведувањето на пенали.
Во финалето на Суперкупот на Мавританија противници биле Теварг Зеина и Ксар, а до 63.минута резултатот бил 1:1. Претседтелот на оваа африканска држава Мохамед Оулд Абдел Азиз го следел мечот, кој не го привлекол неговиот интерес, па поради тоа преку своите луѓе испратил порака до главниот судија да го прекине мечот и победникот да биде решен по изведувањето на пенали.
Главниот судија ја извршил наредбата, на играчите им објаснил дека треба да се однесуваат онака како што бара шефот на државата.
По изведувањето на пенали трофејот го освоил тимот на Теварг Зеина.
Инаку, од Фудбалскиот сојуз на Мавританија со соопштение демантирале дека мечот бил прекинат по интервенцијата на претседателот на државата.
„Најостро ги демантираме наводите дека имало било каква интервенција од шефот на државата мечот да биде прекинат. Одлуката беше донесена во договор со организаторот на натпреварот, претседателите на двата клуба и капитените на екипите“, стои во кусото соопштение на првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Мавританија, Ахменд Абдерахман.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Голем успех за Филип Шулевски – ново најдобро македонско време на Ironman
-

Мицкоски: Без намалувањето на акцизата дизелот ќе беше поскап за 11 до 11,5 денари, го штитиме стандардот на граѓаните
-

Гаши: Убеден сум дека нема да има предвремени избори
-

Мицкоски: Се надевам дека случајот со заканите кон мене упатени на социјалните мрежи ќе биде решен во рамките на системот
-

Нови правила за боледување: Од седум на пет дена кај матичен лекар, контролор ќе проверува дали сте дома
-

Николоски: Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации
-

Притворот на Дејан Јованов истекува на 3 октомври, одбраната најави гаранција во имот за определување мерки на претпазливост
-

Бензините над 100 денари за литар: Нови цени на горивата од полноќ
