Македонија
23. јуни 2026 - 16:29

Судот во Стразбур: Државата имала право да ги поништи аболициите на иванов

Судот во Стразбур донесе одлука во врска во помилувањата на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов.. Според пресудата на европскиот суд за човекови права, државата имала право да ги поништи аболиците, при што нагласува дека одговорноста на функционерите има поголема тежина од нивната правна сигурност..

ЕСЧП едногласно одлучи дека немало повреда на правото на фер судење од Европската конвенција за човекови права поради законодавната интервенција со која се дозволи поништување на претседателските помилувања и продолжување на кривичната постапка против подосителите на барањето“, се наведува во пресудата на Европскиот суд за човекови права.

Повеќемина од обвинетите во предметите на СЈО поднесоа претставки до Судот во Стразбур поради повлекувањата на преходно дадените помилувања од тогашниот претседател на државата.. Од нивниот правен тим најавуваат жалба до Големиот совет, оценувајќи дека судот отстапил од својата досегашна пракса и дека одлуката отворила сериозни правни дилеми..

Сметаме дека судот отстапува од досегашната пракса и кога утврдува дека политичката криза која што настанала како резултат на помилувањето, надвладеала, односно, јавниот интерес за решавање на таа политичка криза преку поништувања на помилувањата, надвладеал во однос на принципот на владеење на право и правна сигурност. Сметаме дека со ваквата одлука се покренуваат сериозни прашања кои се однесуваат на примена на принципот на владеење на правото и се напушта досегашната судска пракса на судот. Односно се наметнува потреба од усогласување на овој предмет со досегашната судска пракса и сметаме дека овој предмет има пошироко значење  и надвор од конкретниот случај vs правото на право и правна сигурност кои што сметаме дека се повредени со носењето на закон кој што има ретроактивно важење во однос на правото со кое што му се даде на претседателот можност да ги поништува веќе дадените помилувања, односно Законот за дополнување на законот за помилување од 2016 година“, изјави Влатко Илиевски.

Сепак, во дел од пресудата, ЕСЧП утврдил повреда на правото на фер судење кај одредени апликанти.. Поради тоа, државата ќе треба да им исплати по 3.600 евра на Миле Јанакиески и Коста Митровски бидејќи во текот на жалбената постапка, не им биле доставени поднесоците од вишото обвинителство..

Предметот во Стразбур се водеше под името „Талески и други против Северна Македонија.. Постапката ја иницираше поранешниот градоначалник на Битола кој беше осуден и издржа затворска казна за случајот „Транспортер“ оформен од СЈО..