Судењето за „Титаник“ продолжува на 26 ноември
Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство продолжува на 26 ноември, откако на денешното рочиште беа преслушани околу 80 разговори во периодот меѓу вториот и третиот изборен круг на локалните избори во 2013 година.
Во најголем дел од разговорите се слушаше гласот на екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески како разговара со партиски членови и директори на денот и по изборте, прави анализа на изборните резултати од вториот круг и каде им одговара да се одржи трет круг во општина Центар.
Во разговор од 11 април 2013 година Миле со Н.Н лице разговара за ситуаицјата во ДИК и колку од поднесените приговири им се прифатни и што може да направат за тоа.
Од аудио разговорите се слушаше како во општина Центар има околу 5.000 пензионери гласачи и оти треба нешто да пробаат да направат околу тоа. Потоа, во разговор од 19 април на Миле Јанакиески, непознато машко лице од месните комитети на партијата му предлага начин како пензионерите од Центар да ги однесат некаде за да бидат на денот на гласањето. Соговорникот му вели на Миле „ќе им кажеме до дванаесет, еден се враќаме, а ќе ги вратиме покасно“.
Од бомбите можеше да се чуе и како Јанакиески разговара со директори на фирми и бара начин како вработените кои гласаат во Центар доколку не биле сигурни гласачи, подобро да им биде кажано да не излезат на гласање.
Ново на Сител
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
-

Нови израелски напади врз Бејрут, од јужен Либан истрелани седум ракети врз Израел
-

Трамп: Лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и заработиме богатство
-

Папата Лав XIV го повика израелскиот претседател Херцог да ја заврши војната со Иран
-

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното
-

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата
-

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува

