Судењето за „Тендери“ одложено за 6 декември
Денешното рочиште за случајот на СЈО „Тендери“, каде првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“, е одложено за 6 декември.
Судењето е одложено, бидејќи судиите што судат во овој случај денеска имале судење за предметот „Топлик“.
Случајот „Тендери“ се наоѓа во доказна постапка. Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.
Ново на Сител
-

Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
-

Одбележан Денот на демократија во Парламентот
-

Одбрана можна локација за државниот дата-центар
-

Одбраната: Соѕиданите пари се на таткото на Ѓоко Ристов
-

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски
-

Кривична против градоначалниот на Струга, Ќура

