Судењето за „27 април“ одложено, влошена состојбата на еден од обвинетите

Судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година продолжува утре, откако денешното рочиште судијката Добрила Кацарска го одложи поради влошена здравстевна состојба на еден од обвинетите.
По паузата за ручек, адвокатот на Сашко Марковски и укажа на судијката Кацарска, дека му е влошена состојбата, по што беше повикана екипа на Брза помош.
– Откако медицинските лица го прегледаа обвинетиот, го известија судот дека нивна препорака е да биде однесен во Воена болница и да биде направена рентген снимка, рече Кацарска, и поради тоа расправата се одложува за 31 октомври во 10 часот.
Кацарска, посочи дека со оглед оти денешното и минатото рочиште траеле многу кратко, следните рочишта ќе траат подолго со цел да се постигне тоа што било предвидено да се заврши на овие рочишта.
На денешното рочиште беше довршена снимката од собраниската камера 10, што беше почната на минатото рочиште, а пред паузата се почна со прегледување на снимка од собраниската безбедносна камера 14.
За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко
Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.
Ново на Сител
-

Лажни мејлови во име на директорот на БЈБ се шират низ Македонија, предупредува МВР
-

Тендерот за лекот „фактор 8“ за пациентите со хемофилија ќе се распише најдоцна до утре
-

Почина Милена, жената од Неготино која беше инспирација за легендарниот хит „Моја Милена“ на „Нови фосили“
-

Просечната нето-плата во ноември 45.961 денар
-

СДСМ: Цела Македонија во колапс, ВМРО ги изненади снег во јануари
-

Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно
-

До 30 јуни 2026 година се продолжува кризната состојба на дел на територијата на државата
-

До сабота променливо облачно со пораст на температурите, за викендот дожд и снег
