Студија: Војната во Украина генерираше 311 милиони метрички тони јаглерод диоксид

Четирите години војна на Русија против Украина не само што убија и повредија стотици илјади луѓе, туку предизвикаа и сериозна штета на животната средина и климата, покажуваат нови истражувања.
Од февруари 2022 година, околу 311 милиони метрички тони еквивалент на јаглерод диоксид се емитувани како резултат на конфликтот, покажаа пресметките на Иницијативата за пресметка на стакленички гасови од војната (IGGAW) објавени денеска.
Тоа е приближно половина од годишната емисија на стакленички гасови што ја произведува најголемата европска економија, Германија, пренесе ДПА.
Повеќе од една третина, или 37 проценти од емисиите, потекнуваат директно од воените активности, вклучувајќи ги огромните количини на керозин, нафта и дизел согорени од борбените авиони, воените бродови и тенковите, се наведува во студијата.
Шумските пожари предизвикани од војната сочинуваат речиси една четвртина од вкупните емисии. Многу шумски пожари и пожари на ниска вегетација избувнаа долж или во близина на линиите на фронтот и во пограничните региони.
Украина бара отштета од Русија за штетите поврзани со климата предизвикани од војната, со цел да се финансира еколошки одржлива реконструкција.
На Конференцијата на ОН за климатски промени во Бразил во ноември, Киев го процени своето барање на 57 милијарди долари. Барањата треба да бидат поднесени до Регистарот на штети за Украина на Советот на Европа.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
