Студенти програмираа интелигентни функции за современи уреди

Програмирање на одредена „интелигентна“ функција беше предизвикот на кој работеа педесетина учесници на летната школа „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи“ на тема „Интернет на нештата“ (Internet of Things), која заврши денеска на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).
- Тема на школата се микрокомпјутерите во сите современи „паметни“ уреди – автомобили, авиони и други летала, апарати за домаќинство, мерни уреди, медицинска опрема, роботи, играчки... Улогата на овие микрокомпјутери е, пред сѐ, уредите да ги направат удобни за користење, но денес дополнително се очекува сите овие уреди (нешта) да бидат достапни од која било точка во светот преку Интернет. На овогодишната школа, учесниците преку предавања се запознаа со овие миркокомпјутери и сами, преку проектна задача, програмираа „интелигентна“ функција достапна преку Интернет“, изјави професор д-р. Јосиф Ќосев, раководител на летната школа „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи“.
Летната школа, која се оддржува по шести пат, ја организираа Институтот за електроника при ФЕИТ и компанијата „Сивус“.
Почетоците на школата датираат од 2009 година со меѓународниот DAAD проект „Embedded System Design”, под водство на Институтот IHP Microelectronics од Франкфурт. Последната школа од проектот била одржана на ФЕИТ во Скопје во 2011 година, но поради големиот интерес кај студентите, школата продолжува да се одржува и по завршување на проектот. Годинава има околу педесетина посетители – главно студенти од ФЕИТ и од техничките факултети во Скопје, но и средношколци, дипломирани инженери и магистранти. Покрај предавачи од ФЕИТ, на школата гостуваат и предавачи од други факултети и компании од земјава и од странство.
Ново на Сител
-

УХМР предупредува: Попладне невреме со пороен дожд, грмежи и град
-

Претседателката Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија, Друпади Мурму
-

Британските премиери се менуваат, само мачорот Лери останува
-

Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
-

Во Гостивар во изминатото деноноќие прегледани вкупно 198 пациенти, нема промени во клиничката слика
-

МВР демантира етничка провокација во случајот со сообраќајката на патот Скопје-Блаце
-

Дивиот приклучок не се наоѓал во санитарните зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата
-

Миланов: Водата во Гостивар не смее да се користи до добивање на лабораториските резултати
