Студеното време го затвори аеродромот во Женева

Аеродромот во Женева денеска е затворен поради многу студеното време, што неделава погоди голем број делови од Европа.
- Поради многу лошите временски услови аеродромот во Женева во моментот е затворен за сообраќај. Поради тоа им, советуваме на патниците да не доаѓаат на аеродром, соопшти аеродромската управа.
Студениот бран во Европа е причина за смртта на најмалку 46 луѓе, од кои поголемиот дел од жртвите се бездомници.
Студеното време бран е причина за смрт на 18 лица во Полска, шест во Чешка, петмина во Литванија, четири во Франција и Словачка, двајца во Италија, Романија, Србија и Словенија и еден во Холандија. Во Естонија студот е причина за седум смртни случаи овој месец. Од почетокот на студениот бран, животот го загубиле најмалку осум луѓе без постојано место на живееење – по тројца во Франција и Чешка и двајца во Италија.
Студениот бран, кој британските медиуми го нарекоа „Ѕверот од Истокот“, Холанѓаните - „Сибирска мечка“, Швеѓаните - „Снежен топ“, а во Франција е познат под називот „Москва-Париз“, најмногу го загрозува здравјето на најранливите категории жители, пред се бездомниците и постарите лица, но го попречува и сообраќајот.
Студениот бран проследен со многу снег предизвика сообраќаен хаос во многу европски градови.
Ново на Сител
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
-

Левица ќе се обиде да ги собере опозициските партии за Изборниот законик
-

Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?
-

Даниела Димовска ќе раководи со Кривичен суд Скопје
-

Преглед на вестите од светот
