-->
-->
Струмичките одбојкари се радуваат на нов трофеј во Купот на Македонија
-->

Струмичките одбојкари го одбранија трофејот во Куп на Македонија. Во финалето на националниот куп кој се одржа токму во Струмица, домаќинот беше убедлив во дуелот против тетовската екипа Лешок, која ја совлада со максимални 3-0 во сетови.
Уште по првиот сет Струмичани најавија дека ќе атакуваат на победа, па сетот го добија со 25:17. Во следните два тие на противникот му препуштија само по 14 поени (25:14 и 25:14), за конечни 3-0 во сетови.
За екипата на Струмица ова е четврта титула во Купот на Македонија во последните шест сезони.
Струмичани ќе имаат можност да ја освојат и двојната круна, бидејќи во финалето на Шампионатот важат за големи фаворити во дуелот против Пробиштип.
Финалната серија од плејофот меѓу Струмица и Пробиштип ќе започне на 3 мај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Го киднапирале, со пиштол му се заканувале да признае наводно силување, ОЈО бара притвор за двајцата грабнувачи
-

Последни подготовки за вежбата „Блесок 26“ – ќе успеат ли припадниците на Армијата да го положат овој важен тест?
-

Борба против корупцијата и меѓу своите редови, најави директорот на Царина
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Падна Орбан, следен е Вучиќ па Мицкоски
-

Развојот на технологијата во голема мера ги заменува книгите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
