Страшно: Канцеларија опседната со духови

Можете ли да замислите вакво нешто да се случува и во вашата канцеларија, ноќе кога е потполно празна!?
Некои од овие необични појави се снимени од страна на безбедносните камери во една канцеларија во Манчестер која се наоѓа во познатиот деловен блок.
На снимката може да се види и сенка која „поминува“ преку ѕидот...Во овој блок се наоѓаат десетици фирми кои се занимаваат главно во ПР и финансии.
Клипот е објавен во 2012 година, но и натаму е вирален и претставува мистерија за сите кои го гледале и досега никој не успеал да објасни што се случува ноќе меѓу овие ѕидови.
Некои експерти велат дека во прашање се духови.
Скопт Мекинон од Феникс кој се бави со истрага на паранормалните појави тврди дека оваа снимка е лажна.
-Ова видео е лажно. Малку истражував и има начини да се покаже дека не е реален, тврди овој „ловец на духови“ кој со тоа се бави веќе 20 години.
-Некои сцени се монтирани и тоа не може да го забележи секој. Навистина е добро направена, вели тој.
Мекинон на своите клиенти им помага да се изборат со паранормалните активности во своите куќи и на работа.
Тој дури открива дека продуцент на снимката е компанијата „Џошуа Брукс“ која нема седиште во овој блок, пишува Дејли Мејл.
Погледнете ја снимката и просудете сами:
Ново на Сител
-

Доцна синоќа изгаснат пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско
-

Песков: Директорот на ЦИА не се сретна со Путин
-

Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матична комисија во Собранието
-

Вкупно 23 лица спасени откако по три часа беа заглавени на рингишпил во Хамбург
-

Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар во болница во Пакистан
-

За седум месеци во Албанија престојувале над 7 милиони странски туристи
-

Сончево и топло до 37 степени
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
