Џет-Сет
13. April 2017 - 20:56

Страшна вест: Млада реалити ѕвезда се самоуби пред пријателите

Младата риалити ѕвезда изврши самоубиство.

Ѕвездата на МТВ реалното шоу "Newport Harbor: The Real Orange County" Клеј Адлер си пукал во глава во текот на вежба за пукање со своите пријатели во пустина.

Клеј почина на 26. март во болница. Иако сите се сомневаа дека момчето имало проблем со злоупотреба на наркотици, токсиколошките наоди покажаа дека Клеј не користел недозволени супстанци.

Klej Adler

Адлер со години се борел со ментални пореметувања, кои на крајот, за жал го победија.

Изненадени сме од веста за смртта на Клеј Адлер. Нашите молитви и мисли се упатени кон неговото семејство и пријателите, се наведува во соопштението на телевизијата МТВ.

Инаку, Адлер беше близок пријател со актерката Џенифер Лоренс.

Фановите на реалното шоу на плажата поставија даска за сурфање која тој ја користеше во шоуто "Newport Harbor: The Real Orange County".