Македонија
24. July 2015 - 10:23

Страшна сообраќајка кај Тетово - Двајца загинати

Две лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа која се случила утринава на патот Тетово- село Пирок.
 
Според првичните, неофицијални информации автомобил изгубил контрола и се превртел на кров. Во несреќата, неофицијално загинати се две лица, а две се тешко повредени. Дел од медиумите пишуваат дека загинатите се помлади лица на возраст од околку 20 години, по потврда од полицијата за оваа информација нема.
 
МВР ја потврдува сообраќајната несреќа, но детали за бројот на загинати и повредени лица ќе бидат соопштени по завршување на увидот.