-->
-->
Странските инвестиции лани достигнале 624 милиони евра
-->
Над 600 милиони евра се директните странски инвестиции во земјава во текот на минатата година. Податоците на Народната банка покажуваат дека вкупните директни инвестиции во 12-те месеци изнесуваат 624 милиони евра, од кои 311 милиони се во инвестиции во четвртиот квартал.Според министерот за финансии Драган Тевдовски ова е највисок износ на странски инвестиции досега.
-Во 2018 година имаме остварено највисок износ на странски директни инвестиции досега. Споредено со претходните години, странските директни инвестиции се неколкукратно повисоки. Ваквиот раст е потврда за исправниот правец во кој што се движи државата – политичката стабилизација, прогресот кон НАТО, макроекономската стабилност, исправната фискална политика и реформите, изјави за МИА министерот Тевдовски.
Оцени дека високиот прилив странски инвестиции ќе значи повисока вработеност, повисоки плати, подобар животен стандард – што се и главните цели на Владата, на кои посветено работи.
Според земјата на потекло, најголем инвеститор лани била Обединетото Кралство со 113 милиони евра, потоа следуваат Германија 38 милиони, по 36 милиони се Турција и Бермуди, 31 милион се од Луксембург и Бахами, Грција 26 милионио, 17 милиони се странските инвестиции од Италија, 13 милиони од Романија…
Според дејноста најголемиот дел од инвестициите 212 милиони евра биле во производство.
Претходната година, односно 2017 година, вкупните директни инвестиции изнесувале 181 милион евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
-

Расчистена тешка кражба во Гостивар - приведени три лица, пронајдени украдени пари и злато
-

Успешно завршени градежните активности за целосна демонтажа на стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје
