Стојаноски: Да ги изгласаме предлог законите за акцизите и данокот на додадена вредност
Почитувани,
Власта во текот на вчерашниот ден потврди дека нема допир со реалноста.
За првпат во историјата литар бензин чини над 100 денари, а ни дизел горивото не заостанува многу и чини 95 денари за литар.
Од утрово и цените на основните прехранбени производи брашно, зејтин, месо, јајца, леб, ориз, млеко се повисоки за најмалку 5%.
Инфлацијата во април кога имаше некакви мерки беше 10,5%, колку ли ќе биде за јуни со вакво ценовно цунами кое ни се случува?!
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија познавајќи колку власта е неодговорна изработи два закони со кои акцизата за горивата ќе се преполови и ќе се даночат со стапка од 5%, наместо моменталните 18%, а прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на 2022.
Единствена цел на власта е успешно спроведување на операцијата спасување на владеачката коалиција, а граѓаните за жал се колатерална штета.
Повикуваме за малку разум кај колегите од мнозинството и сите заедно на итна седница да ги изгласаме предлог законите за акцизите и данокот на додадена вредност.
Цената за литар Еуросупер 95 е 104 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 81 денар.
Цената за литар Еуросупер 98 е 106,5 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 83 денари.
Цената за литар Еуродизел е 95 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 76 денари.
Ваквото ноншалантно однесување за потребите на граѓаните од страна на СДСМ и ДУИ мора да биде казнето на предвремени парламентарни избори оваа есен. Токму затоа Ве повикуваме на 18ти јуни, да се видиме на протестот пред Влада и да им пратиме порака дека не ги бива и дека мора да си одат.
Ви благодарам.
Изјава за медиуми на Бојан Стојаноски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“
Ново на Сител
-

Модриќ става крај на кариерата по СП 2026
-

Општина Дебар успешно ја реализираше првата фаза од дератизацијата и дезинсекцијата
-

Израел нареди евакуација на 20 градови и села во јужен Либан
-

Лишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки
-

СВР-Струмица поднесе кривични пријави против три лица за „лихварство“, „изнуда“ и „тешка кражба на дрзок начин“
-

Истрага за сексуална злоупотреба на 12-годишно девојче во Битола
-

Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
-

По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
