Стојаноска: Дали се направени микробилошки брисеви по поплавата во КАРИЛ?
Почитувани,
Пред неколку дена здравствениот систем беше хендикепиран, поради поплавувањето на Клиниката за анестезија, реанимација и интезивно лекување, позната како КАРИЛ. Поради поплавувањето на клиниката, пациентите не беа примани на истата и беа препраќани во други градови и болници. Со ова, беше ставен надвор од функција можеби клучниот објект во терцијарното здравство. Дали и каква солуција е тоа за пациентите, граѓаните може самите да донесат заклучок.
Но, денес ќе поставиме клучно прашање и клучно предупредување до директорката на КАРИЛ, министерството за здравство и другите надлежни институции: Што се превзело оваа клиника соодветно да се подготви и да профункционира? Внимавајте, ова не е обична гаража или подрум, од кој што треба да се испумпа само водата и да се зачисти со џогер. Доколку клиниката била поплавена од излевање на атмосферска канализација или други води до степен да препраќа пациети, тогаш овде се работи за многу сериозен и темелен процес на враќање во фунција. Не смее брзоплетоста на надлежните да чини животи. Оваа клиника е мошне сериозен и чувствителен дел од здравствениот систем и терцијарното здравство и не смее да се дозволи на било каков начин да се случуваат интерхоспитални инфекции.
Оттука прашуваме: Што е преземено за санирање на поплавите во КАРИЛ? Дали се направени микробиолошки брисеви од страна на Центарот за јавно здравје? Да потсетиме дека оваа институција е надлежна да го споведе ова земање на брисеви и само со три последователни негативни брисеви може да дозволи клиниката да продолжи да работи.
Дали Министерството за здравство и Санитарниот и здравствен инспекторат се вклучени и запознаени со активностите за враќање на клиниката во функција? На крајот, дали е спроведено испитување на електричната инсталација во клиниката, ако се има предвид дека од нејзината исправност зависат апарати и инструменти кои имаат животовитално значење за пациентите.
Клиниката не е дворче или гаража, за после таква поплава да се расчистува фушерски. Оваа клиника третира едни од најтешките случаи во Македонија и мора во најкратко време и според сите строги стандарди да се врати во функција. Животите на граѓаните се важни. Досегашните фушераи и неодговорности на власта во здравството граѓаните многу скапо ги чинеа. Да не дозволиме нешто слично да се повтори.
Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
