Сто празнични пакетчиња за православните деца во Гостивар
Стотина празнични пакетчиња со велегиденски украси, училишен прибор и боенки беа поделени на деца во дворот на соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар по повод претстојниот празник Велигден. Иницијативата е на хуманитарното здружение „Дора е нгрот“ („Топла рака“) и доби поддршка од локалната самоуправа.
– Со оваа активност сакаме да го истакнеме заедништвото и меѓусебната толеранција на Гостивар. Слично нешто планираме и за Рамазан Бајрам. Ние сме благодарни што нашата иницијатива за промоција на позитивни вредности наиде на поддршка од локалните власти. На овој начин ја истакнуваме важноста од меѓусебното почитување без оглед на верската и национална припадност, изјави претседателката на здружението Мимоза Љумани.
Во делењето на празничните пакетчиња се приклучија и членките на Советот на Општина Гостивар, Јасмина Василеска, Њомза Шаќири и Соња Дамјановска.
– Ова е уште еден доказ дека ние заедно одржуваме меѓуверска хармонија и толеранција. Гостивар треба да биде земен како пример од другите средини за тоа како се негуваат меѓуетничките односи што придонесува за здраво општество, нагласи советничката Шаќири.
Ново на Сител
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
