Македонија
29. March 2026 - 16:39

Стартува реконструкцијата на охридскиот аеродром

Стартува  реконструкцијата на охридскиот аеродромот „Св. Апостол Павле“ . Градежните работи  предвидено е  да завршат до крајот на мај. Проектот кој треба да му даде нов лик на аеродромот пред почетокот на летната сезона ќе обезбеди 4 500 метри квадратни функционален простор, поудобно, поефикасно и попријатно искуство за патниците, како и подобри услови за работа . 

Премиерот Христијан Мицкоски го оцени овој момент како исторски за Охрид и охридското крајбрежје, но и за сите околни општини.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, нагласи дека ова е прва сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром од неговата изградба и изрази надеж дека отворањето на реконструираниот дел ќе биде во јули. 

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт,истакна  дека во текот на градежните активности функционалното работење на аеродромот нема да биде нарушено и дека летовите ќе се одвиваат тековно и најави дека од денес започнува новата авио линија од Охрид до Милано.

Од аеродромот  во Охрид, во летниот распоред , 8 авиокомпании ќе летаат до 17 дестинации, од кои 14 се редовни  преку целата година и сезонски дестинации, додека три се чартер-летови.