Станка Трајкова нов претседател на Сојузот на здруженија на пензионери

Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија има нов претседател. Првпат по 73 години од постоењето на Сојузот за претседател е избрана жена.
- На изборната седница на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија одржана на 29 март 2019 година за нов претседател на СЗПМ и воедно претседател на Извршниот одбор на Сојузот е избрана Станка Трајкова досегашен секретар на Извршниот одбор на Сојузот истакнат активист и стручњак со големо познавање на пензионерската проблематика, дипломиран правник и коавтор и автор на коментари на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и учесник во пензиските реформи. Трајкова е и носител и автор на повеќе проекти поврзани со пензионерската популација во СЗПМ, информираат од Сојузот.
За претседател на Собранието на Сојузот беше избран Илија Адамоски, докажан активист и член на повеќе органи и тела во СЗПМ.
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
