Стадо коњи пасеа на градскиот плоштад во Тетово

Многумина жителите на Тетово утринава со фотографии на социјалните мрежи ја прикажаа невообичаената слика од градскиот центар каде забележале стадо коњи и глутница улични кучиња. Коњите пасеа од тревата на најголемиот кружен тек во градот пред плоштадот.
Неколкумина ветеринари кои одговорија на прашањата на МИА, велат дека според фотографиите станува збор за коњи кои најверојатно нелегално се чувани од луѓе, бидејќи немаат прикачени микрочипови и најверојатно се користат за носење на дрва и слично.
– Во Тетовско има многу малку коњи кои се одгледуваат. Коњите кои легално се набавуваат и одгледуваат имаат микрочипови и се евидентирани во Ветеринарно-информационен систем (ВИС). Дел од коњите без миркочипови се користат за транспорт на дрва од планините, посочија ветеринарите.
Инаку, во септември 2021 година жителите на Тетово преку видеа сведочеа за појава на коњ што неконтролирано се движеше долж автопатот Тетово – Скопје. Тогаш полицијата го најде сопственикот и му поднесе пријава за кривично дело „предизвикување на општа опасност“ казниво по член 288 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

На 58-годишна возраст почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
-

ЦУК: Активни три пожари
-

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година
-

Гаши од Софија: Остануваме цврсто посветени на европските вредности
-

Тошковски: Миграциските предизвици бараат заеднички решенија, партнерство и конкретна поддршка
-

ЈП „Водовод и канализација“: Скопскиот канализационен систем не е место за одлагање секаков отпад
-

Официјално претставување на ВЕЗИЛКА – Националната фабрика за вештачка интелигенција
-

АХВ добитник на втора награда за управување со квалитет во јавниот сектор на Министерството за јавна администрација
