Стабилни резерви на крв

Институтот за тарнсфузиона медицина – Скопје денеска соопшти дека располага со задоволителни количества на крвни продукти.
Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека заедно со Црвениот крст изготвиле стратегија, план и распоред на крводарителски акции за следната недела што ќе биде објавена на 22 март 2020 година. Доколку има потреба, како што се наведува, ќе се промени врз основа на епидемиолошката анкета како превентивна заштитна мерка за ширење на COVID-19.
Се замолуваат сите крводарители да ги следат препораките и да не даруваат крв ако во последните 28 дена патувале надвор од земјава, ако имаат симптоми на настинка, кашлаат и киваат, имаат зголемена телесна температура, чувствуваат малаксаност и имаат отежнато дишење. Не треба се дарува крв и ако сте биле во контакт со некој кој патувал или лице со сите овие симптоми.
Ново на Сител
-

Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
-

Одбележан Денот на демократија во Парламентот
-

Одбрана можна локација за државниот дата-центар
-

Одбраната: Соѕиданите пари се на таткото на Ѓоко Ристов
-

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски
-

Кривична против градоначалниот на Струга, Ќура
