ССНМ: Заев да внимава што зборува за новинарите
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро ја осудува изјавата на премиерот Зоран Заев во која тој покажа голема доза на нетрпеливост кон неименуван новинар нарекувајќи го „суетен“. ССНМ смета дека кога вакви, во најмала рака непримерни изјави насочени кон новинарите и медиумските работници, доаѓаат од највисоките државни функционери, може да се толкуваат, перцепираат и прифатат од дел од јавноста како отворање фронт кон новинарите, загрозување на нивната безбедност и ограничување на слободата на печатот и затоа бара од премиерот Заев да се извини. Нагласуваме дека на почетокот на мандатот владата на Заев ветуваше борба против нападите врз новинарите и се залагаше за слобода на изразувањето, но вчерашната изјава на премиерот Заев е во целосна спротивност на тие заложби.
Иако премиерот Заев не прецизираше за кој „суетен новинар“ се работи, јавноста препозна дека изјавата е насочена кон уредникот Бранко Героски, кој и самиот соопшти дека по изјавата бил цел на зголемен број на напади и дискредитации на социјалните мрежи. Тоа докажува дека политичарите, а особено оние на највисоки функции мораат да бидат внимателни при своите изјави бидејќи една несоодветна изјава може да предизвика штети од несогледливи размери како кон поединци, така и врз слободата на изразување.
Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Ново на Сител
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
-

Од полноќ поевтини горива

