ССМ утре избира нов претседател

Сојузот на синдикати на Македонија утре на вонреден конгрес во Охрид треба да го избере новиот претседател.
Сегашниот в.д. претседател Дарко Димовски е единствениот кандидат за иден лидер на ССМ. Одлуката, Димовски да биде кандидат за претседател на ССМ, претходно помина на седници на Советот и на Претседателството на ССМ.
Покрај Димовски, кандидатури за синдикален лидер поднесоа и претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Ацо Антовски. Нивните кандидатури не поминаа на седницата на Претседателството на ССМ, според кое, тие не ги исполниле условите за кандидатура.
Претседателот на УПОЗ, Грујовски тврди дека ги исполнува условите и истакнува дека има поддршка од шест, а не од пет гранкови синдикати.
Неизвесно е дали синдикатите што го поддржуваат Грујовски ќе присуствуваат на конгресот.
Од друга страна, како што неодамна објави МИА, претседателот на Европската конфедерација на синдикати Лука Висентини во писмо испратено до ССМ, вели дека постапката за избор на иден лидер на ССМ не ги следи демократските правила, бидејќи доведува до елиминирање на потенцијалните кандидати за функцијата.
Поради тоа, Висентини ја одбил поканата на ССМ да учествува на конгресот.
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
