ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) и годинава ќе организира протест на 1 Мај, Меѓународен ден на трудот., кој ќе почне во 11 часот пред ССМ, ќе продолжи пред Собранието, потоа кај Стопанската комора и ќе заврши пред Владата. Ова денеска го најави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој повика работниците масовно да излезат на протестот на кој, како што рече, ќе ги истакнат барањата за зголемувањето на минималната плата и подобри работни услови.
- Повеќе од 260.000 работници во Македонија, според податоци на Управата за јавни приходи, живеат со примања под 600 евра односно толку колку што работниците бараат да изнесува минималната плата во Македонија. Тоа е 50 проценти од работната сила во Македонија која прима плата под 600 евра. Овие работници да не не среќаваат на улица и да ни се жалат, да не ни праќаат пораки и да ни се жалат, туку да застанат со нас рамо до рамо и да покажат дека се незадоволни од висината на нивната плата, рече Трендафилов.
Со усогласувањето на минималната плата за 1.667 денари во месец март годинава, посочи тој, и зголемувањето на вредноста на синдикалната минимална кошница за 3.304 денари од почетокот на годината покажува дека на едно семејство доколку двајцата работници се на минималец им недостигаат средства за основните прехранбени трошоци за живот.
Трендафилов рече дека тоа е поразителен податок за сите кои креираат политика, за сите работодавачи во Македонија и сите чинители во општеството.
- Покрај тоа што голем број грански синдикати успеаја да извојуваат победа во борбата за зголемување на платите на нивните колеги и колешки, голем број потпишаа колективни договори на ниво на работодавач во јавниот и во приватниот сектор, можноста за укинување на еден колективен договор, како колективниот договор за култура кој по инцијатива е пред Уставниот суд, може да предизвика домино ефект за укинување на сите колективни договори во кои се предвидува начин на пресметка на плата, предупреди Трендафилов.
Според него, последниот случај со загубата на животот на еден работник и неколку други повредени треба да го разбуди алармот кај сите особено кај инспекциските служби и кај оние кои треба да овозможат поголем број инспектори и инспекциски надзори за да се спречат вакви немили настани.
Додаде дека 1 Мај е ден кога работниците и синдикатите насекаде во светот излегуваат на протести, денот кога работниците треба да бидат најгласни и да излезат на улица рамо да рамо и да покажат дека, како што вели, неправдата која ја толерираат цела година можат јасно и гласно да ја искажат и да и се спротивстават заедно со синдикатите.
МИА
Ново на Сител
-

НБА: Филаделфија полуфиналист на Истокот
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
