-->
-->
Среќата со пари не се купува: Креаторот милијардер на Minecraft тотално осамен
-->

Судејќи според објавите на Twitter изгледа дека парите не можат да му купат среќа на милијардерот Маркус Персон, креаторот на популарната игра Minecraft.
Триесет и шестгодишниот Маркус објави низа твитови со поплаки кои ја потврдуваат поговорката дека среќата со пари не се купува. Во некои од нив вели дека никогаш претходно не се чувствувал толку изолирано во животот.
Тој на Twitter открива дека и покрај огромното богатство се чувствува многу осамено и несреќно. Шведскиот програмер минатиот септември ја продаде својата компанија Mojang на Microsoft за 2,5 милијарди долари. Околу 70 милиони долари потрошил за вила на Беверли Хилс, сака да се забавува со пријателите, но и покрај парите вели дека никогаш не се чувствувал толку осамено.

„Проблемот е во тоа што кога ќе добиете сè ја губите мотивацијата и понатаму да работите, а односите со другите луѓе стануваат невозможни поради нерамнотежата“, напишал тој на Twitter.
„На одмор сум во Ибица со многу пријатели, одам на забави со познати личности, можам да правам што сакам, но никогаш не сум се чувствувал толку осамено. Најдов прекрасна девојка, но таа се плаши од мене и мојот начин на живот, така што одлучи да биде со друг, понормален човек. Би се обидел да бидам како Маск и да го спасувам светот, но тоа би ме изложило на истиот тип на луѓе кои ме натераа да го продадам Minecraft. Луѓето кои се успешни ми велат дека ова е нормална работа и дека ќе помине. Добро е да се знае тоа“, се дел од неговите објави на Twitter.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Партиите со меѓусебни обвинувања – Кој ги брка младите од државата?
-

Сиљановска: Без финансии нема независно судство
-

Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе почне на 19. септември
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски учествува на годишниот состанок на УО Центарот за извонредност во финансиите - ЦЕФ
-

Мицкоски: Граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат
-

Врховен суд на Македонија домаќин на XVI годишна конференција на врховни судови од Централна и Источна Европа
-

ШКЛ - од денес до 30-ти јули, Штип во знакот на културата
