Средба Шекеринска - Абароа Каранза

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија Рамон Абароа Каранза.
На средбата, како што соопшти Министерството за одбрана, Шекеринска истакнала дека новата Влада е посветена на стабилизација на државата и нејзино поставување на вистинската патека кон членство во НАТО и ЕУ.
По промените кои настанаа во нашата земја, како што се наведува, новата влада интензивно работи на реформите како што се: слободата на медиумите, правосудство, соработка со граѓанското општество и особено работи на подобрување на добрососедската политика која е од исклучително значење за целиот регион.
- Ние имаме поинаков пристап кон нашите соседи и сакаме да создадеме позитивна клима во однос на политиката со соседите. Тоа е добро за стабилноста и развој на регионот, нагласила Шекеринска.
Потенцирала дека соработката со Кралството Шпанија е добра, но оти е потребно да се продлабочи.
- Благодарни сме за можноста што Шпанија ја нуди на нашите припадници за обука и едукација на престижните воени школи во Кралството, како и јазичната обука и би сакала да Ви ги понудиме нашите капацитети како армискиот полигон „Криволак“ на кој може да се реализираат заеднички вежби од кои бенефит ќе имаат двете армии, нагласила на средбата министерката Шекеринска.
Амбасадорот Абароа Каранза и посакал успех на министерката Шекеринска на новата позиција. Истакнал дека Шпанија секогаш ја поддржувала Македонија во своите намери да се интегрира во НАТО и ЕУ и се согласил дека е потребно да се интензивира билатералната соработка. Нагласил дека е отворена можноста за обука и едукација на припадници на АРМ.
Ново на Сител
-

Фич го потврди кредитниот рејтинг ББ+ на земјава
-

Досега евидентирани 138 шумски пожари, штетите милионски
-

Жените земјоделки докажаа дека се столбот на оваа гранка во Македонија - по 5 пат во Прилеп - „Млеко 2026“
-

Започнува модернизацијата на пазарот во Ново Село, инвестиција вредна над 11,5 милиони денари
-

Неопходно е да се направи дигитална археолошка карта
-

Преглед на вестите од светот
-

Oпозициски прашања во Собранието
-

Реакции по укинувањето на пресудите за Ласкарци и Стевчо Јакимовски од Врховниот суд
