Македонија
7. August 2017 - 11:11

Средба Османи - Саљији по повод зачленувањето на Македонија во ФРА

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска во Министерството за правда ќе оствари средба со министерот Билен Саљији.

Повод за посетата на Османи е зачленувањето на Република Македонија во Агенцијата за фундаментални права (ФРА) на Европската унија, соопшти Секретаријатот за европски прашања.