Средба на Спасовски со одбиените кандидати за полициски службеници

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска, на нивно барање, одржа средба со претставниците на кандидатите за полициски службеници коишто ги поминаа претходните обуки за прием на полициски службеници во МВР, но кои согласно пропишаните конкурсни правила поради ниското рангирање не склучија договор за вработување во МВР.
Како што соопшти МВР, на средбата министерот Спасовски го повтори својот став од пред година и пол дека ќе стори се што е во рамки на неговите надлежности и во согласност на законските прописи да им излезе во пресрет на барањата на одбиените кандидати. Особено што актуелната состојба во Министерството, се додава, покажува дека наспроти прекубројната вработеност во административен и друг персонал, полицијата е реално дефицитарна токму со полициски службеници.
- Спасовски им посочи на одбиените кандидати дека според конкурсните правила воспоставени пред неколку години - сите примени кандидати по минувањето на тестирањето и започнувањето на обуката за полициски службеник го верификувале, со свој потпис, правилото за конечно рангирање по кое отпаѓаат уште 10 проценти од кандидатите, односно оние што добиле најниски оценки на обуката, се наведува во соопштението.
Спасовски, кој и пред две недели, исто така, одржа средба со претставниците на одбиените кандидати, се додава, нагласил дека пропишаните процедури и правила на конкурсите за полициски службеници се прецизни.
- Секакви поинакви толкувања, како што беше минатонеделното јавно истапување на одбиените кандидати, претставуваат обични шпекулации од кои единствена корист имаат само некои интересни или политички групации, а не одбиените кандидати за полициски службеници, стои во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-

Екипажот на „Артемис“ вечерва се враќа на Земјата: критичен момент при влез во атмосферата
-

Пациентите со дијабетес алармираат за недостиг од терапија и сензори
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Велигденски поскапувања
-

Цените на нафтата повторно растат, Иран обвини дека договорот за примирје не се почитува
-

Израелските напади на Либан го загрозуваат примирјето меѓу САД и Иран
-

Инспекција не стигнала до „Пулс“ пред трагедијата, објектот бил затворен, новата фирма без надзор
-

Токсиколошките анализи се направени и ќе бидат презентирани во судска постапка
