Средба на пратеникот Груби со американскиот сенатор Џонсон
Во текот на неговата посета во Вашингтон, Претседателот на Комисијата за европски прашања и на Групата за соработка со САД, воедно и Организациски секретар на Демократската Унија за Интеграција, Артан Груби се сретна и со Американскиот Сенатор Рон Џонсон од Комисијата за Надворешна политика на Американскиот Сенат, претседавач на Поткомисијата за Европа и регионалната соработка за сигурност.
Груби и Џонсон разменија мислења за процесот на ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО од страна на Сенатот, реформите во правото како и дијалогот Косово – Србија.
Сенаторот Џонсон зборуваше за процедурата на донесување на ратификацијата на Пртотоколот за членство во НАТО и изрази целосна поддршка за пречек на нашата земја како 30-та членка на Североатланската алијанса.
Груби ја спомна посетата на Сенаторот Џонсон минатата година во Скопје во поддршка на затварање на прашањето за името како продолжение на големата Американска поддршка кон нашата земја.
Груби го запозна Сенаторот Џонсон за напорите на ДУИ во насока на изградење на демократските капацитети преку владеење на правото, интегритетот на носителите на државни функции, транспарентноста и ветингот.
Сенаторот Џонсон, исто како и Американскиот Стејд Департмент еден ден претходно, го запозна Груби со интензивните американски напори за помош при добивање на датумот за почеток на преговорите за членство во Европската Унија.
Груби и Џонсон особено дискутираа и за дијалогот Косово-Србија, согласувајќи се дека примерот со Преспанскиот договор треба да се следи и од авторитетите во Приштина и Белград.
Во Американскиот Конгрес, г. Груби истотака учествуваше како гостин на неделните молитви каде се сретна со преку 10-тина Американски Конгресмени.
Ново на Сител
-

Гаши: Македонскиот јазик претставува еден од столбовите врз кои се гради нашата заедничка држава
-

Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жив сведок на вековната историја и најсилен израз на нашата културна и национална посебност
-

Љутков: Македонскиот јазик е жив израз на нашето постоење и историја, кој се пренесува и ја отсликува силата и истрајноста на народот
-

Британскиот амбасадор Лосон преку видео порака на македонски го честиташе Денот на македонскиот јазик
-

Авионска дезинсекција на скопската територија во четврток
-

УЈП: Над 860 илјади граѓани добија однапред пополнети годишни даночни пријави за 2025 година
-

Постигната спогодба меѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли во врска со тужбата за наводно сексуално вознемирување
-

Средба на Сиљановска-Давкова со романскиот претседател Дан: Добрите политички односи да бидат проследени со поширока економска соработка

