Средба на пензионерите од Македонија во Пантелеј-Кочанско

Во Манастирскиот комплекс „Св.Пантелејмон“ во кочанското село Пантелеј, денеска се одржа 11-та средба на пензионерите од Македонија на која учествуваа над 2.000 пензионери од 25 здруженија од Македонија. Организатор на средбата беше Здружението на пензионерите на Кочани.
- Горди сме што се собравме на заедничко дружење пензионери од сите краеви на Македонија. Со нас годинава за прв пат се и пензионери од Гостивар, Битола, Македонски брод, Битола и Тетово. Средбата ја организираме по 11-ти пат со цел меѓусебно запознавање, дружење и склопување на нови пријателства меѓу нас пензионерите, истакна во своето обраќање претседател на ЗП Кочани Горги Серафимов.
Градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски ја истакна успешната соработка што општината ја има со пензионерската организација.
- Секоја нивна активност ние ја подржуваме, а посебно се трудиме да обезбедиме простор за идни пензионерски клубови и во поголемите населби во општините од кочанскиот регион, истакна Димитровски.
Во името на Сојузот на пензионерите на Македонија присутните ги поздрави потпретседателот Солтир Каровски, кој истакна дека годинава кога Сојузот одбележува 70 години од организираното постоење задоволство е да се присуствува на вакви собири каде што пензионерите се дружат меѓу себе.
Посетителите на средбата го посетија манастирскиот комплекс „Свети Пантелејмон“ граден во 1871 година и фресконасликан од тајфата на познатиот зограф Димитрија Андонов Папрадишки.
Ново на Сител
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
-

Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1
-

Лишени од слобода крадци во Стар Дојран, украденото ќе биде вратено на сопственикот, следува пријава
-

Фејсбук недостапен за илјадници корисници ширум светот
-

Меси: Што и да се случи во финалето, Аргентина веќе напиша историја
