Средба на министерот Попоски со делегација на ИХРА

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски оствари средба со шефот на делегацијата на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (IHRA), амбасадорот Јан Дебоут.
Соговорниците разговараа за активностите што ги спроведува Меѓународната алијанса, како и за активностите што се реализираат во Република Македонија на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето на Холокаустот.
Министерот Попоски изрази задоволство од испраќањето на висока делегација на ИХРА за прв пат во Република Македонија, по повод 11-ти Март - Денот на депортација на Евреите од Македонија, во чии рамки ќе се одржат комеморативни настани во Скопје и Битола.
- За време на средбата беа искажани и заложбите од нашата држава и ИХРА во светло на можно станување на полноправна членка на Република Македонија во оваа Алијанса, се наведува во соопштението од МНР.
ИХРА е меѓувладино тело кое служи како платформа каде што претставници на владите на нејзините земји-членки, како и национални и меѓународни експерти разменуваат идеи и искуства во врска со политиките на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето на Холокаустот во светот. Во ИХРА членуваат 31 држава, а застапени се и 11 држави со статус на набљудувачи, меѓу кои и Република Македонија.
Ново на Сител
-

Аеродромот на Сицилија затворен поради активност на вулканот Етна
-

СП 2026: Трамп призна дека побарал од Инфантино да го разгледа исклучувањето на Балогун
-

Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење
-

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
