Средба Лавров – Дендиас во Москва
– Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас денеска во Москва ќе се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров, а според грчкото МНР разговорите ќе се фокусираат на безбедноста во Европа, ситуацијата во Источна Европа и во Источниот Медитеран, како и билатералните односи, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, вчера во изјавата пред почетокот на Самитот ЕУ- Африка ја спомена средбата Лавров- Дендиас и рече дека министерот за надворешни работи на Грција „ќе ги повтори позициите на земјата, кои се и позиции на сите земји- членки на Европската унијата“, но и истакна дека е голем интересот на Грција за случувањата во конкретниот регион, бидејќи во Украина живеат десетици илјади луѓе со грчко потекло.
Ова е трета посета на Дендиас на Русија во изминатите две години, а портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану на брифинг со новинарите минатата седмица рече дека на средбата ќе се разгледаат низа теми поврзани со билатералните односи, но и регионални прашања и истакна дека Грција е земја членка на НАТО и Европската Унија, но нејзиниот став е дека особено важно е одржувањето канали на комуникација со сите соговорници и додаде дека Русија ја сметаат „за клучен и составен дел на европската безбедносна архитектура“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
