Средба Груевски - Белји: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи реформи од интерес на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги подржи реформските агенди важни за интеграциите во Европската Унија за кои ќе се оцени дека би биле од интерес на граѓаните. Овој партиски став лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му го соопштил на американскиот амбасадор Џес Бејли на денешната средба.
- Соговорниците разговараа за актуелната состојба приоритетите и предизвиците на државата. Беше констатирана заложбата Република Македонија што поскоро да добие позитивна одлука за членство во НАТО, што и преставува стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата била истакната и потребата за дебата во однос на значајните одлуки и законски решенија.
На средбата со американскиот амбасадор присуствувал и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров.
Ново на Сител
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
-

Договор за автопатот Скопје-Блаце
-

Нема кој да казнува за непочитување на Законот за употреба на македонскиот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Измените на Изборниот законик остануваат блокирани во Собранието
-

Ново судење за Пулс - се читаат пораки од телефонот на газдата на дискотеката, Деко
-

Грант од ЕБОР за изградба на автопатот Скопје-Блаце
