Средба Дураки-Хамер: Швајцарија и Македонија ја прошируваат соработката

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска имаше средба со Клиф Хамер, регионален советник за инфраструктура и животна средина при швајцарската амбасада на која станало збор за проширување на соработката преку финансирање нови проекти.
На средбата, како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, биле разменети информации за досегашната соработка на двете држави во областа на заштитата на животната средина.
- Во разговорите акцент беше ставен на заедничките проекти за заштита на природата и водите кои во изминативе години успешно се реализираа и донесоа видливи резултати. Разговорите се водеа и во насока на проширување на соработката преку финансирање на нови проекти од страна на Швајцарската Конфедерација, како и соработка на други полиња поврзани со заштитата на животната средина, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

МОН не е надлежно за случајот на Филозофскиот факултет - дали ќе има истрага?
-

Филипче: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го слуша гласот на граѓаните
-

Квалитетна јавна служба, предуслов за членство во ЕУ
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на Пржинската влада во Собрание
-

Асанов негира вина, обвинителството бара осуда за фемицид
-

Сведок: Пиротехниката ја местеа пред нас
-

Јаневска: Комплицирано е на Филозофски
