Средба Димитров - Перкс

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров се сретна со новоназначениот претставник на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс.
Како што соопшти МНР, министерот Димитров изразил благодарност за континуираната поддршка на УНИЦЕФ на планот на промоција и заштита на правата на детето во Република Македонија, со фокус на најмаргинализираните: децата Роми, децата со попреченост и децата жртви на насилство и злоупотреба.
Соговорниците, како што се наведува во соопштението од МНР, високо ја оценија досегашната соработка, а во тој контекст беше нагласена и важноста од натамошно успешно спроведување на Заедничката програма за државата 2016-2020.
Перкс ја изразил неговата заложба за продлабочување на соработката меѓу УНИЦЕФ и Владата на Република Македонија во насока на натамошен напредок во спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето, како и Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.
Ново на Сител
-

Се одложи стартот на судењето за екс вицепремиерот Груби, адвокатите побараа увид во доказите
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за избори, државната каса е празна
-

Македонските превозници најавија протест пред делегацијата на ЕУ на 31 август
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
-

Македонија има најмногу заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа
-

Септемвриските пензии ќе се зголемат за 3%
